Се зголемува политичката корупција

18.11.2016 14:16

Политичката состојба е во форма на „заробена држава“ , зашто јавните институции се присвоени од политичката елита за приватните интереси, велат од Институтот за демократија. Одговорноста е и на институциите и на власта...

Се зголемува корупцијата во земјава. Политичката состојба е во форма на „заробена држава“ , зашто јавните институции се присвоени од политичката елита за приватните интереси, велат од Институтот за демократија. Одговорноста е и на институциите и на власта, вели аналитичарот Миша Поповиќ. Се додека властите не се справат сериозно со ова зло, кризата во земјава нема да помине, смета Поповиќ.

Довербата во институциите и во системот ќе се зајакне доколку имаме ефикасни постапки против корумпираните лица, согласни се од Транспаренси интереншенл- Македонија. Време е да заживее Законот за укажувачите и институциите мора да почнат да го применуваат, вели претседателката на организацијата, Слаѓана Тасева. За таа цел треба да се инсистира на ефективна заштита на лицата кои се ставаат себе си и своите семејства во ризик за да пријават корупција.

Политичката корупција е реален проблем затоа невладините организации ги повикаа на дебата претставниците на политичките партии за да се изјаснат, како што велат, за нивната подготвеност конечно да ѝ објават војна на корупцијата.

 

Фиљана Кока