Јавна расправа за реформата на средното стручно образование

18.11.2016 14:44

Министерството за образование организираше јавна расправа за предлог концептот за реформирање на четиригодишното средно стручно образование. Со него се предвидува модернизација на наставата согласно со потребите на пазарот на трудот. Ќе се набават нови учебници и опрема, а ќе има поголема застапеност на практичната работа.

Модернизирација на средно стручно образование по терк на компаниите и пазарот на трудот ова е предлог концепцијата на Минситерството за образование, која од денеска е на јавен увид пред експертската јавност. Со реформата се предвидува укинување на застарените струки што се неатрактивни или за нив повеќе нема интерес кај средношколците.

Во изработката на новиот концепт за средното стручно образование учестуваше и Бирото за развој на образованието. За таа цел се планира набавка на нови учебници и опрема, а треба да се зголеми и бројот на часови по практична работа.

Од ресорното министерство велат дека е неопходна реформа во оваа област, за да се задоволи се поголемата побарувачка на странските и домашните компании за ваков кадар, но и да се зголеми вработувањето на младите.

 

Викторија Милевска