ВМРО-ДПМНЕ: Јанева влезе во политичка кампања
Јанева не објаснила како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите други функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се лицата кои биле најприслушувани, ниту ја објаснила Скајп комуникацијата на Заев и Верушевски, за како што е наведено, заштитата и поддршката од чадорот.

Катица Јанева без ниту еден доказ, ја погази правната фела и влезе во политичка кампања. Специјалното јавно обвинителство реши да се вклучи во изборна кампања уште пред да почнат изборните карвани и да се официјализира почетокот- реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека Јанева не објаснила како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите други функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се лицата кои биле најприслушувани, ниту ја објаснила Скајп комуникацијата на Заев и Верушевски, за како што е наведено, заштитата и поддршката од чадорот.
„Многу почесно ќе беше кон граѓаните, доколку Јанева се кандидираше за носител на листа на СДСМ, наместо на овој начин да ја злоупотребува службената положба и овластувања“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
