Утврден редоследот на гласачкото ливче за изборите на 11-ти декември

18.11.2016 14:58

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со жребување го одреди редоследот на гласачкото ливче за предвремените парламентарни избори.

Во ДИК спроведено жребувањето за кандидатските листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Според жрепката Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е со ред број еден.

На гласачкото ливче ДПА е под број два, ДУИ со реден број три, а Коалицијата предводена од СДСМ со реден број четири. Коалицијата „За промени и правда“ е со реден број пет, ПДП- шест, Албанската алијанса со реден број седум, Либерална партија- осум, Коалицијата ВМРО за Македонија- девет, БЕСА- десет, а Левицата со реден број 11.

Под овие броеви коалициите и политичките партии ќе настапуваат во сите изборни единици.

В понеделник почнува изборната кампања. На избирачкиот список има 1.784.524 граѓани со право на глас.