Поголема интеграција на Македонците- муслимани во општеството

18.11.2016 15:48

Неопходна е поголема интеграција на Македонците муслимани во општеството- велат од Комисијата за односи со верските заедници. Македонците- муслимани велат дека никој не може да ги раскине нивните врските со националното ткиво.

Националниот идентитет, правата на човекот да ги ужива својата култура, јазик и вероисповед  се запишани во Зборникот посветен на Македонците со муслиманска религија. Велат го негуваат македонскиот јазик, желбата да бидат приграбени секогаш постоела, но го задржале својот идентитет.    

„Никој не му дава за право на некој во оваа држава да не отфрли од националното ткиво македонско. Ниту една национална припадност во соседството  не се карактеризира по ништо друго освен по јазикот. Секој сакаше да не приграби, никој никој не сакаше да не измилува, да рече, да наши сте“, изјави Исмаил Бојда – претседател на Сојузот на Македонци со исламска религија.

Македонците муслимани се доказ за нашето национално богатство, бедем на толеранцијата и разбирањето – велат од Комисијата за верски заедници.

„И покрај историските сили и хардби на овој народ, Македонците- муслимани успеваат да го задржат својот идентитет, но она што е значајно и што зрачи кај сите нив е најубавиот певлив говор што го слушаме во Жировница, Ростуше, Велебрдо“, изјави Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за верски заедници.

20 научни соработници придонеле за да се напише ова дело  насловено „Македонците со Исламска религија во историски современ контекс“.

 

Андријана Атанасовска