Во Србија има 6.500 мигранти

21.11.2016 13:56

Српскиот комесар за бегалци и миграција Владимир Цуциќ изјави дека по 400 мигранти месечно преминуваат од Србија во Унгарија.

Во прифатните центри во Србија има 5.200 мигранти, а во дивите кампови се сместени 1.300 лица кои добиваат помош од меѓународните и невладините организации.

Српскиот комесар за бегалци и миграција Владимир Цуциќ изјави дека по 400 мигранти месечно преминуваат од Србија во Унгарија.

Од средината на годинава е намален и бројот на уапсени шверцери на луѓе. Пред неколку дена, бегалците одржаа протест, барајќи ЕУ да ги отвори границите за нив.