Втор ден предизборна кампања
22.11.2016 10:15
Коалицијата „За подобра Македонија“ митинзи денеска ќе одржи во Ресен и во Струга, додека СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават во Драчево, Кисела Вода и Аеродром...
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи денеска ќе одржи во Ресен и во Струга.
СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред граѓаните на Драчево, Кисела Вода и Аеродром.
Демократската унија за интеграции, изборната платформа ќе ја презентира на Скопски саем, а Демократската партија на Албанците во Општина Долнени.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“, кампањата ја почнува од Охрид, додека Коалицијата „За промени и правда“ ќе се претстави пред велешани.
