Германија: Тројца уапсени за поддршка на терористичка група
22.11.2016 15:22
Биле приведени под сомнение дека ја поддржуваат групата Ахрар Ал Шам, влијателна исламистичка организација која се бори за соборување на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Тројца германци со сириско потекло биле приведени во Германија под сомнение дека ја поддржуваат групата Ахрар Ал Шам, влијателна исламистичка организација која се бори за соборување на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Според обвинителството, еден од осомничените доставувал пари и техничка помош за групата, а другиот обезбедил пик-ап и амбулантно возило.
