ДУИ ја презентираше изборната платформа

22.11.2016 16:50

На вториот ден од кампањата, Демократската унија за интеграција ја промовираше изборната платформа. Лидерот Ахмети и дел од носителите на листите зборуваа за дипломатијата, економијата и меѓуетничките односи.

Демократската унија за интеграција ја презентираше својата предизборна програма. Пред присутните зборуваше лидерот на партијата Али Ахмети, како и носителите на листи и шефот на изборниот штаб на ДУИ. Тие рекоа дека Демократската унија за интеграција е чувар на албанскиот народ и дека е дојдено време Албанците во Македонија да се изборат за уште поголеми права.

„Денеска пред Вас и пред целата јавност ја објавуваме и презентираме предизборната програма на Демократската унија за интеграција. Во нашата програма е содржана агенда која треба да се спроведе во мандатот од 2016 до 2020 година. Направивме максимални напори програмата да биде сеопфатна, но и реално да може да спроведе за четри години, односно за еден мандат. Партијата имаа кадри кои програмата можат да ја реализираат, и на тие кадри ќе им ја дададат одговорноста.Програмата подразбира одговорност, многу сум сигурен и цврсто верувам дека ние сме способни да ја реализираме.  Затоа ја изработивме веб страницата за да може да се даваат мислења, сугестии, од сите оние што имаат став за одредено прашање, а не сме успеале да ги контакртираме во врска со нашата програма“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тука не сакам да ги изоставам бизнисмените и различните интересни групи,претставниците на секторите заедно со нивните членови со кои имавме срдеби, здруженија, синдикати, стопански комори, невладини организации, рече во својот говор лидерот на Демократската унија за интеграција. Според него тие се отворени за сите тие што мислеле дека можат да придонесат за општо добро, зашто од оваа програма не добива само една група или само Демократската унија за интеграција туку добиваат сите Албанци, целата заедница без разлика на која нација и припаѓаат. Програмата претставува богаство во која што интелектулана енергија ја слеале докажани експерти со нивната работа не заборавајќи ја при тоа и надворешната политика, рече Ахмети пред присутните, додадавјќи дека во програмта свој придонес дале сите кадри што речиси 15 години со ред работат во министерствата или во дипломатијата.Носителот на листа во изборната единица 1, Артан Груби, најави дека ќе зборува за два клучни точки во програма на ДУИ, 2020. Програмата во фокус го има владеењето на законот и патот кон евроинтеграцијата. Ќе се насочам на деловите кои се најбитни во платформата на Демократсакат унија за интеграција, рече Груби пред присутните.

„Прв дел е владеењето на правото, владеењето на законот, каде што се детектирани сите слабости во општеството и тоа не само од домашните институции, туку и од меѓународната заедница. Демократската унија за интеграција реши да ги вклучи и спроведе сите препораки од европската комисија и сите точки од пржинскиот договор. Како и сите препораки од извештајот на Прибе, кој заедно се една екипа на експерти за владеењето на правто, на законот, ја посетија Македонија ги детектираа слабостите, направија детален извештај како треба  да се реформира судството, но и секторот за безбедност“, рече Артан Груби, носител на листа во ИЕ 1.

Ние ќе се трудиме да ја спроведема нашата програма и во иднина да добиеме добар извештај, рече Груби во своето обраќање. Тој изјави дека Владеењето на правото ќе помогне за побрз влез во ЕУ, но исто така ќе бидат сконцентрирани за целосна реализација на Охридскиот договор, бидејќи и тоа е дел од програма на Демократската унија за интеграција 2016-2020. Говорниците пред присутните рекоа дека нивната цел е неспорна единствениот пат е евроатлантскиот пат, патот кон ЕУ, кој не треба да биде спречен, бидејќи е патот кој ја обезбедува и ја зајакнува слободата, како и новата економија. Во своето обраќање рекоа дека Демократската унија за интеграција продолжува да чекори по добро познатиот пат, интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури, содавањето на социо-економските услови за граѓаните и градењето на подобра иднина за новите генерации. Изборите на 11 декември се клучни, бидејќи се решава за големи прашања. Се решава дали ќе продолжиме по правиот пат, рекоа носителите на кандидаските листи на ДУИ. Ние сме со НАТО, со Брисел, со обединета Европа, со Вашингтон и со САД. Затоа, да си ја завршиме нашата работа и  да излеземе уште посилни, изјавија членовите на ДУИ.

Наташа Јанчиќ