Електронска евиденција на тутунот

23.11.2016 10:21

Почна електронското евидентирање на тутунското производство. Податоци ќе бидат внесени во комјутерскиот ситем во најблиската подрачна единица на Министерството за земјоделство. Откупените количества веднаш ќе се внесуваат во системот и во секој момент ќе се достапни сите податоци за текот, количествата, квалитетот и цените на откупот од ова реколта.

Веднаш и во секое време ќе се знае се за откупот на тутунот. Со електронската евиденција ќе се воспостави целосен увид на производството и на работењето на сите откупни пунктови на монополите.

Од оваа година, тутунарите уште пред пред потпишување на договорите со откупувачите пополуваа и пријава во писмена форма која потоа електронски, односно преку компјутер беше доставувана до тутунските компании.

На овој начин се има увид кој производител и за која парцела има склучено договор со што се отстрануваат можноста да се прават двојни и тројни договори за едни исти површини.

Според податоците од новиот ситем годинава се склучени скоро 30.000 договори со тутунарите за превземање на 26.000 тони тутун.

 

Методија Трајков