Препораки до граѓаните поради аерозагадувањето
Град Скопје упати препораки до граѓаните да користат јавен превоз и да го сведат своето движење на отворен простор на неопходните излегувања. Малите деца, бремените, хронично болните и постарите да не излегуваат на улица и да не ги проветруваат просториите во кои се престојува.

Поради загадување на воздухот во пет последователни дена, Град Скопје упати препораки до граѓаните да користат јавен превоз и да го сведат своето движење на отворен простор на неопходните излегувања.
Малите деца, бремените, хронично болните и постарите да не излегуваат на улица и да не ги проветруваат просториите во кои се престојува. За греење, во печките граѓаните да користат суво и чисто дрво, и да не се горат отпадоци од мебел и недефинирани синтетички и отпадни материјали.
Градските власти препорачуваат автомобилите да се користат рационално и да се возат повеќе лица истовремено, додека камионите кои немаат регулирано испуштање на отпадните гасови, да не се користат во сообраќајот.
