Трет ден предизборна кампања

23.11.2016 10:31

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, попладне ќе одржи митинзи во Неготино и во Кавадарци, додека СДСМ со коалициските партнери ќе има митинзи во Демир Хисар и во Кичево.

Трет ден предизборни актовности- Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, попладне ќе одржи митинзи во Неготино и во Кавадарци, додека СДСМ со коалициските партнери ќе има митинзи во Демир Хисар и во Кичево.

ДУИ ќе има прес во седиштето на партијата во Скопје, додека ДПА ќе одржи митинг во Челопек.

Коалицијата за промени и правда ќе одржи средби со граѓаните во Кавадарци, Неготино  и во Скопје.

Алијансата за Албанците вечер ќе има митинг во Сарај.