Преговорите за кипарското прашање без резултат
23.11.2016 10:52
На дводневните преговори во Швајцарија не е утврден датум за продолжување на преговорите.

Лидерот на кипарските Турци изјави дека до крајот на годинава може да се постигне спогодба за кипарското прашање иако лидерите на двете кипарски заедници не се договорија колкава територија би контролирале во идната федерација.
На дводневните преговори во Швајцарија не е утврден датум за продолжување на преговорите.
Кипар е поделен од 1974 година. Северниот дел беше окупиран од Турција како одговор на националистичкиот државен преврат, чија цел беше островот да го приклучи кон Грција.
