Меркел: Ќе продолжи соработката со Турција

23.11.2016 12:04

Германската канцеларка изјави дека ќе продолжи соработката со Турција, иако земјата има проблем со слободата на печатот и човековите права.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе продолжи соработката со Турција, иако земјата има проблем со слободата на печатот и човековите права.

Билатерланите односи се влошија откако Бундестагот гласаше за резолуција со која прогонот на Ерменците во Отоманската Империја во текот на Првата светска војна беше прогласен за геноцид.