Заев: Институциите ќе бидат во служба на граѓаните

24.11.2016 15:29

Институциите ќе бидат во служба на граѓаните, ќе дадеме приоритет на сите области кои се во служба на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред присутните Кичевчани.

Луѓето се сплотени околу иста водилка за живот. Земаме обврска да ја градиме државата и институциите- беше речено на митингот на опозициската коалиција предводена од Социјал демократскиот сојуз во Кичево. Институциите ќе бидат во служба на граѓаните, ќе дадеме приоритет на сите области кои се во служба на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред присутните Кичевчани. Пријателите од Западот имаат одлични намери за оваа наша мала земја, сакаат Македонија да успее, а народот да биде среќен, но тие неможе да гласаат за нас- потенцираше Заев на митингот. За „Осломе“ ја имаме формулата и иднината е светла- смета Заев, со шини можеме да обезбедиме со децении да има јаглен и за идните и за сегашните генерации, но да има и продукција на струја.

Дадете подршка на планот за живот-  повика од говорницата во Кичево носителот на листата во 5-та Изборна единица Радмила Шеќеринска. Таа ветува промени во здравствениот систем и поголеми плати за лекарите. Образованието ќе го добие вистинскиот третман, вели Шеќеринска.

Пред Кичево, опозициската коалиција одржа митинг во Демир Хисар. Таму говорниците со ветување дека ќе ја вратат средната класа и достоинството на сите граѓани. Оттаму и ветувањето дека минималната плата ќе биде 16.000 денари, но ќе бидат зголемени и субвенциите во земјоделството.

 

Миле Ристески