Заев: Обединето општество за внатрешна стабилност на земјата
а се насочиме кон иднината. Стојам зад секој збор напишан во планот за живот во Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Тетово. Нема да дозволам никој да го смени Уставот на Република Македонија...

Градење едно обединето општество е нашата клучна цел, со што ќе се обезбеди внатрешна стабилност на земјата и добри односи меѓу заедниците. Да се насочиме кон иднината. Стојам зад секој збор напишан во планот за живот во Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Тетово. Нема да дозволам никој да го смени Уставот на Република Македонија. Имаме прекрасен, либерален, европски устав кој ги гарантира сите права на граѓаните на Македонија од која било заедница, но ги гарантира и обврските на секој граѓанин, рече Заев пред симпатизерите и сопартијците тетовци.
Носителот на листата од шестата изборна единица од коалицијата предводена од СДСМ, Петре Шилегов промовирајќи ја програмата посочи дека доста биле заминувања на младите од државава, а посебно од овој регион. Во програмата на СДСМ, фокусот е ставен на младите.
Претходно предизборниот карван на коалицијата предводена од СДСМ, програмата и кандидатите за пратеници ги претсави и пред Гостиварци. Говорниците рекоа дека ова е историски момент и треба да се насочат кон решавање на економските и егзистенцијалните проблеми на луѓето.
На двата митинга беше речено дека опозицијата останува на ставот по изборите да ја укине радиодифузната такса, ветуваат минимална плата од 16 илјади денари, враќање на данокот во износ од 15 насто, поддршка на домашните фирми со 140 милиони евра, бесплатно болничко лекување, укинување на екстерното тестирање, а со реформите во образованието, на младите ќе им овозможат критично и креативно да размислуваат и така да го градат својот живот.
Наташа Гркова- Петрушевска
