Ахмети: Македонските политички партии грешат кога трчаат по гласовите на Албанците

25.11.2016 16:09

Според Ахмети, во Македонија се уште не е созаден амбиент за основање или за промоција на концептот „граѓанска партија“ затоа што се уште Албанците не се на рамноправно ниво со Македонците.

Aлбанците треба да бидат обединети, а не заведни, бидејќи така не можат да ги остварат своите цели, им порача Али Ахмети на граѓаните, симпатизерите на ДУИ од Ченто и од Арачиново. Тој рече дека македонските политички партии грешат кога трчаат да ги добијат гласовите на Албанците. Според него, во Македонија се уште не е созаден амбиент за основање или за промоција на концептот „граѓанска партија“ затоа што се уште Албанците не се на рамноправно ниво со Македонците.

Ахмети, на жителите од поплавените подрачја во скопскиот регион им рече дека брзо ќе заврши процесот на обештетување на штетите од пред скоро четри месеци. Некои оваа природна катастрофа ја користеа за придобивање на политички поени, ние настојуваме да ја ублажиме нивната болка, се обидуваме да нема разлики при распределбата на парите, рече Ахмети.

Од седиштето на ДУИ, денес до граѓните се обрати и Бујар Османи. Вели, пет дена отткако почна кампањата, Демократсакта унија за интеграција активно пристапува до секој граѓанин за да ја образложи својата платформа 2020, една од најголемите програми кои ДУИ ги имала во предизборитето, споредено дури и со македонските партии, за албанските партии рече, несака ниту да зборуваме некои од нив дури и немаат платформа. 15 илјади активисти се на терен, одат од врта до врата да ги поканат граѓаните да бидат дел од таа мисија, нашата платформа која се состои од столбови или заклетви, рече Османи на прес-конференцијата. Тој зборуваше за столбовите на кои се потпира нивната платформа. Вели, тоа се столбови кои не се само почетни точки на преговори за наредната Влада, туку се услови без кои не се може во нардниот период. Според него, основниот столб или основната заклетва со која што Демократкста унија за интеграција влегува во избори е економската еднаквост и економскиот прогрес со точен акционен план предвиден во самата платформа. Втората точка или столб, е двојазична Македонија, односно еднаква употреба на службениот албански јазик со македонскиот. Третиот столб е консензуално одлучување, правната држава, изјави Османи.

Османи се осврна и на состојбата со „Југохром“, како што рече во изминатиот преиод од новинарите биле поставувани прашања на оваа тема. Рече дека Демократската унија за интеграција дава целосна подршка на министерот за животна средина да продолжи да стои цврсто на неговиот став да ја зашти животна средина и здравјето на граѓаните во Полошкиот регион од загадувањето на „Југохром“.

 

Наташа Јанчиќ