Висока функционерка на ПКК приведена во Истанбул
28.11.2016 15:11
Властите сметаат дека е одговорна за координација на терористичките операции во Турција од ПКК кои лани ја обновија вооружената кампања против државата.

Високата функционерка на политичко крило на Курдската работничка партија Сара Акташ е приведена во Истанбул. Властите сметаат дека е одговорна за координација на терористичките операции во Турција од ПКК кои лани ја обновија вооружената кампања против државата.
Во чистката против сите терористички организации, се уапсени и 11 лица поврзани со Исламска држава.
