Најмногу снег во Маврово, забрана за тешки товарни возила кај Ѓавато, Стража и Маврово- Дебар

29.11.2016 10:45

Забрана за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Дебар, и Гостивар-Кичево, а од изутрината и на потегот Ресен-Битола на превалецот Ѓавато.

Најмногу снег ноќеска падна во маврово. Се формира покривка од 10 сантиметри. Снег има и во Крушево и во Берово, Лазарополе и Крива Паланка. Снег има и во Демир Капија.

Забрана за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Дебар, и Гостивар-Кичево, а од изутрината и на потегот Ресен-Битола на превалецот Ѓавато.

Влажни коловози во земјава, во сила е задолжителното поседување зимска опрема што ќе трае до 15-ти март наредната година.