Задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред изборите

29.11.2016 10:51

Работилници денеска ќе се одржат во Скопје, Штип, Прилеп, Битола. Утре тимовите на ДИК ќе бидат во Струмица, Богданци, Охрид, Тетово и Гостивар, а во четврток едукацијата на општинските изборни комисии ќе се одржи во Куманово.

Тимови на Државната изборна комисија денеска, утре и во четврток ќе ја одржат последната серија работилници за задолжителна едукација на општинските изборни комисии пред Предвремените парламентарни избори 2016 година закажани за 11-ти декември.

Работилници денеска ќе се одржат во Скопје, Штип, Прилеп, Битола. Утре тимовите на ДИК ќе бидат во Струмица, Богданци, Охрид, Тетово и Гостивар, а во четврток едукацијата на општинските изборни комисии ќе се одржи во Куманово.

На работилниците ќе биде презентиран и едукативниот видео прирачник, кој Државната изборна комисија го изготви со помош на Мисијата на ОБСЕ.

На работилниците ќе можат да присуствуваат и акредитираните набљудувачи, како и претставници на медиумите.