Укината забраната за камиони на патот Гостивар-Маврово-Дебар

29.11.2016 13:11

Се уште е во сила забраната за камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево. Претходно, во 12:05, беше укината и забраната за камиони кај Ѓавато.

Во 12:30 часот денеска е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар – Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија.

Се уште е во сила забраната за камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево.

Претходно, во 12:05, беше укината и забраната за камиони кај Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег.