„Македонија пат“: Укинати забраните за тешки товарни возила
Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење, бидејќи на повисоките места сѐ уште има остатоци од кашест снег. Велат дека екипите се на терен за да ги одржуваат патните правци проодни.

Од „Македонија пат“ информираат дека е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово- Дебар, Ресен- Битола преку превалот Ѓавато и Крива Паланка- граничен премин Деве Баир.
Сепак апелираат на внимателно возење, бидејќи на повисоките места сѐ уште има остатоци од кашест снег. Велат дека екипите се на терен за да ги одржуваат патните правци проодни.
Според информациите на веб-страницата на скопскиот аеродром „Александар Велики“, изутрината се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.
Од УХМР информираат дека деновиве нѐ очекува стабилно време со ниски утрински температури, со услови за слаби врнежи од дожд и со снег в петок и в недела.