ЕУ бара од Косово да ги исполни последните два критериума за визна либерализација

30.11.2016 11:11

Ова е реакција на барањето на владата за заобиколување на демаркацијата на границата со Црна Гора, што е еден од критериумите.

Канцеларијата на Европската унија во Приштина нагласи дека Косово ќе напредува во процесот за визната либерализација само ако ги исполни последните два критериума.

Ова е реакција на барањето на владата за заобиколување на демаркацијата на границата со Црна Гора, што е еден од критериумите.

Вториот се однесува на решавањето на проблемот со корупцијата.