За девет месеци 199,08 милиони евра директни инвестиции

30.11.2016 15:11

Најмногу инвестиции во деветте месеци се од Германија 23,20 милиони, следи Турција со 23,14 милиони, Италија 12,46 милиони, Луксембург 11,48 милиони и Бугарија 11,72 милини евра.

Директните инвестиции во Република Македонија во првите девет месеци од годинава изнесуваат 199,08 милиони евра, објави Народната банка на Република Македонија.

Најмногу инвестиции во деветте месеци се од Германија 23,20 милиони, следи Турција со 23,14 милиони, Италија 12,46 милиони, Луксембург 11,48 милиони и Бугарија 11,72 милини евра.

Според дејноста најмногу инвестиции 38,25 милиони се во производството, а 30,49 милиони евра во услуги.

Од вкупните инвестиции во првиот квартал се реализирани 106,91 милион евра, во вториот 36,07 милиони и во третиот 56,10 милиони евра.