Заев: Секој граѓанин е битен, едаквост и правда за сите

30.11.2016 15:23

Подобар здравствен систем, поголеми плати за лекарите и специјалистите, но и подобрено образование без екстерно тестирање- посочи Заев делови од програмата на митингот во Делечво....

Ќе ги вратиме идеалите на човекот чие име го носи овој град, Гоце Делчев, дека Македонија ќе биде поле за натпревар на идеи во која сите ќе бидат рамноправни. Еднаквост и правда за сите- беше истакнато од говорниците на опозициската коалиција предводена од Социјал- демократскиот сојуз кој одржа митинг во Делчево. Секој граѓанин е битен, затоа уште веднаш ќе се зафатиме со реконструкција на мостот во Разловци, беше ветено на митингот. Поголема најниска плата и поголема просечна плата вети лидерот на Социјал демократите Зоран Заев. Враќањето на 15-те проценти данок на додадена вредност на граѓаните е проект кој е зацртан во програмата за живот- рече тој. Подобар здравствен систем, поголеми плати за лекарите и специјалистите, но и подобрено образование без екстерно тестирање- посочи Заев делови од програмата.

Енергијата што ја чуствувам вечерва да ја преточиме во победа на 11-ти декември, побара во својот говор носителот на листа во третата изборна единица Љупчо Николовски. Подобрување на патната и железничката инфраструктура, вети Николовски, субвенции за земјоделците на кои ќе им се помага и при пласманот на производите, но и поефтина зелена нафта за нивното работење. Програмата за живот ја направивме за да одговориме на потребите на граѓаните. Кожарските и текстилните работници ќе добијат повисоки плати, а стечајните работници закон за нивно обештетување.

Пред Делчево, предизборниот карван на опозициската коалиција предводена од СДСМ митинг одржа и во Македонска Каменица каде беше промовирана програмата за живот. Визијата преку планот треба да се преточи во мисија за Македонија. Се ближи финалето кога народот одлучува кој ќе раководи со државата, истакнаа говорниците во Македонска Каменица. Целта е граѓанинот и неговиот пристоен живот- беше една од пораките на митингот.

 

Миле Ристески