Груевски: 63 пратенички места- гаранција дека кризата нема да продолжи
Завршување на кризата е условено со добивање на 63 пратенички места, тоа е најсилната гаранција дека ќе дојде крај на кризата и на сите сценарија на Зоран Заев и на СДСМ, порача од Тетово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4, Никола Груевски.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата „Реално 2017- 2020“ пред граѓаните во Гостивар и Тетово, а беа промовирани и кандидатите за пратеници од овој крај. Сите луѓе се во исчекување да завршат изборите и политичката криза, сите сакаат крај на кризата и политичка стабилност, беше речено на митинзите. Завршување на кризата е условено со добивање на 63 пратенички места, тоа е најсилната гаранција дека ќе дојде крај на кризата и на сите сценарија на Зоран Заев и на СДСМ, порача од Тетово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4, Никола Груевски. Тој додаде дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и дека, според него, истата е изработена со сиот минат труд, со многу проекти и со голема посветеност од страна на владата.
Груевски рече Коалицијата многу направи и ќе направи. Го донесе „Леар“ во Тетово, се отворија 2.500 нови работни места. Ќе се донесат и други компании и нови работни места ќе се отвораат. Реконструиравме над 40 километри регионални патни правци во оваа општина во вредност од 290 милиони денари меѓу кои и патот Тетово-Јажинце, Мала Речица-Боговиње, патот Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според Груевски, во тетовско доделени се околу 400 милиони денари за субвенции за земјоделието, извршена е реконструкција и санација на повеќе основни и средни училишта. Изградени се повеќе спортски сали во целата општина, изградивме и опремивме фудбалско игралиште. Извршена е реконструкција на центарот за култура, изграден е компетно нов објект на дијагностичко-ургентниот центар во клиничката болница во вредност од над 5 милиони евра, пуштена во употреба е нова медицинска опрема. За Тетово обезбедени се три нови најсовремени медицински возила за подобро функционирање на итната помош, истакна Груевски и додаде дека за Тетово се предвидуваат и голем број проекти со новата програма. Планирана е изградба на 579 социјални станови, 140 детски градинки и 600 милиони евра за македонските земјоделци. Ова се дел од проектите поради кои ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ја добијат довербата на народот на 11-ти декември, истакна во Гостивар лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Како поважни проекти за гостиварчани тој ги наброи реконструкцијата на регионален пат Тетово- Брвеница, реконструкција на мостови во вредност до 1 милион евра, изградба на многу локални патишта, спортски игралишта. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е мултиетничка коалиција која има поддржувачи од сите националности, вери, политички партии и граѓани, истакна од Гостивар Владимир Ѓорчев, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ИЕ6.
На митинзите во Гостивар и Тетово поддршка на изборната програма на Коалицијата за подобра Македонија даде пратеникот од италијанскиот парламент, Џузепе Галати.
Игор Панов