Пари од ЕИБ за иновативни мали и средни бизниси
24 милијарди евра за 3 години става на располагање Европската инвестициска банка за кредитирање и иновативни проекти. Дел од средствата се наменети и за македонските компании.

До 2020- тата, малите и средни бизнис во Европа ќе имаат на располагање 24 милијарди евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за кредитирање на иновативни проекти. Дел од средствата се наменети и за македонските компании. Финансирањето ќе се врши преку локланите банки и фондови, само големите проекти вредни 15 милиони евра ќе добиваат пари директно. Од Сојузот на коморите апелираат финансиски институции во земјава акцент да стават на фирмите со иновации.
„Преку овој инструмент за поддршка на компаниите се опрфатени неколку сегменти и тоа банки и финасиски посредници, средни и големи иновативни бизниси иако и големи истражувачки и иновативни преокти кои произлегуваат од универзитеските и истражувачките организации како и проекти од областа на обновливите извори на енергија и проекти во здравството“, вели Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Според бизнис заедницата, финансирањето иновации дава економски профит, ги намалува трошоците, ја зголемува продуктивноста. Од Европската инвестициска банка преку Македонската банка за поддршка на развојот доега се инјектирани 350 милиони евра за развој на малите и средни компании. За иновации државава годишно троши од 6 до 7 милиони евра, дел од средствата и преку Фондот за иновации.
Сузана Фиданска- Стоевска
