Заев: Пари насочени кон граѓаните, институции кои ќе работат во служба на граѓаните

01.12.2016 15:33

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, обраќајќи им се на земјоделците од Малешевијата вети поддршка и зголемување на земјоделските субвенции. Вели со мерките предвидени во програмата ќе му се овозможи на земјоделецот сам да обезбеди просечна плата од 30 илјади денари.

Повисоки плати, поддршка за домашните фирми од 140 милиони евра за нови работни места, пари насочени кон граѓаните, институции кои ќе работат во служба на граѓаните и правда за сите. Опозициската коалиција предводена од СДСМ ја образложи програмата пред сопартијците и поддржувачите во Берово. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, обраќајќи им се на земјоделците од Малешевијата вети поддршка и зголемување на земјоделските субвенции. Вели со мерките предвидени во програмата ќе му се овозможи на земјоделецот сам да обезбеди просечна плата од 30 илјади денари.

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз ги повтори и програмските заложби за поддршка на домашните фирми и враќањето на ДДВ на граѓаните. Планираме, рече Заев, 140 милиони евра за домашните фирми. Младите тука да работат. Ќе враќаме по 15 проценти од платениот данок од сметките, што значи дека тоа е плата плус, вели Заев. Институците ќе работат само и исклучиво за граѓаните. Ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите, да не зависи здравјето од тоа дали има или нема пари, додаде опозицискиот лидер. Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 3, Љупчо Николовски истакна дека на 11-ти декември се враќа животот во Македонија. 

Пред Беровци се обрати и кандидатот за пратеник од овој крај, Јагода Шахпатска, која рече дека главниот стожер на нивната програма е да ги вратат младите во дражава. Опозициската коалиција претходно одржа митинг и во Пехчево каде што ги промовираше програмата и кандидатите за пратеници.

 

Наташа Гркова- Петрушевска