Груевски: На 11-ти декември СДСМ ќе го прокнижи 10-от изборен пораз

01.12.2016 15:37

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој пред поддржувачите и симпатизерите на коалицијата „За подобра македонија“ во Кочани говореше за избирачкиот список. Фантомските гласачи рече дека се манипулација и лага на СДСМ и Заев, а тоа, вели, го потврди и Државната изборна комисија.

Сѐ што се случи позитивно и крупно за Македонија и за граѓаните е во времето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа ние континуирано ја добиваме поддршката на граѓаните и деветти пат, а сега и на 11-ти декември и по 10- ти пат, СДСМ ќе го прокнижи 10- от изборен пораз, овој пат најубедливо и најсилно досега порача на митингот во Кочани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој пред поддржувачите и симпатизерите на коалицијата „За подобра македонија“ во Кочани говореше за избирачкиот список. Фантомските гласачи рече дека се манипулација и лага на СДСМ и Заев, а тоа, вели, го потврди и Државната изборна комисија. Со ова, рече Груевски, се покажа дека тврдењата на опозицијата за наместени избори се само нејзина измислица. И’ порача да не се надева дека ќе влезе во поширока влада, оти, според Груевски, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати тоа. Која е поентата на изборите, рече Груевски, ако сите партии влезат во владата и според него приказната за формирање широка коалиција во која ќе учествуваат сите партии е последниот обид на опозицијата за, како што рече, да го дигне своето членство од депресија. Груевски на граѓаните им порача дека ВМРО-ДПМНЕ и колацијата ќе имаат убедлива победа со 63 пратеници и со тоа ќе и се стави крај на две и пол годишната криза која е наметната од сдсм.

На митингот во Кочани, Груевски ги презентираше мерките и проектите кои ги спровела владата на ВМРО- ДПМНЕ. Тој рече дека и во време на криза владата успеала да ја намали невработеноста. Рече, отворени се 160.000 нови работни места, а растат и платите и пензиите со што невработеноста, според него е намалена од 38 на 24 проценти. Груевски, ја презентираше и програмата на коалицијата наречена „Реално“. Тој вети дека ќе продолжи поддршката за земјоделците со 600 милиони евра, минималната плата до 2020 ќе достигне до 14.000 денари, ќе се завршат трите автопати, Миладиновци- Штип, Кичево- Охрид и Демир Капија- Смоквица, но ќе се градат и пет експресни патишта за кој ќе се инвестираат 140 милиони евра, со 30 милиони евра ќе градат и реконструираат локални патишта, се планира гасификација на кочани, изградба на градинки и училишта повеќенаменски игралишта и баскет терени рече Груевски, болницата во Кочани ќе добие 39 нови медицински апарати. Во време на СДСМ во Кочани на работа оделе 6.700 граѓани, а денес работат околу 11.000 граѓани порача на митингот на коалцијата „За подобра Македонија“ носителот на кандидатската листа во третата изборна единица Илија Димовски.

Проектите содржани во програмата на Коалицијата „За подобра Македонија“ наречена реално претходно беше промовирана и во Виница. На митингот се обрати Аксел Фишер, пратеник на германска партија ЦДУ на Ангела Меркел и актуелен претседател на Европската Народна партија во Советот на Европа. Тој даде поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и ги повика граѓаните на 11-ти декември да го дадат гласот за коалицијата „За подобра Македонија“.

 

Викторија Милевска