Медиумите се придржуваат до правилата, известуваат неутрално
Медиумите во првите 10 дена од изборната кампања известувале неутрално, се придржуваат до правилата, а причина се големите казниви мерки- заклучок од дебатата „Инструментализација на медиумите во текот на изборите“. Учесниците порачаа новинарите да бидат искрени кон публиката.

Медиумите играат клучна улога во известувањето за време на предизборната кампања, се врши инструментализација која влијае врз јавното мислење е ставот на ЗНМ кој го истакна претседастелот Насер Селмани.
На дискусијата беше речено дека е потребна етика, слобода и демократија во известувањето на новинарите во изборната кампања.
Засега телевизиските медиуми се придржуваат до правилата за известување за време на избори, а причина се големите казниви мерки, велат од Советот за етика и од МИМ.
Потенцирана и неминовноста од независната уредувачка политика на редакциите.
Елизабета Кузмановска
