Коалцијата за промени и правда најавува енергична борба против криминалот и корупцијата
Меѓу приоритетите во програмата на Коалицијата за промени и правда е војната, како што велат против криминалот и корупцијата. Лидерот на Демократскиот сојуз и носител на листата во првата изборна единица посочува дека со проектот „Декри“ парите што ќе бидат одземени од конфискација на имоти ќе бидат поделени директно на граѓаните.

Енергична борба против организираниот криминал, посебно против злоупотребата на власта и довербата на граѓаните. Меѓу приоритетите во програмата на Коалицијата за промени и правда е војната, како што велат против криминалот и корупцијата. Лидерот на Демократскиот сојуз и носител на листата во првата изборна единица посочува дека со проектот „Декри“ парите што ќе бидат одземени од конфискација на имоти ќе бидат поделени директно на граѓаните.
Според носителот на листата во втората изборна единица Кекеновски, избирачкиот список сѐ уште не е прочистен. Вели дека до меилот на Коалицијата за промени и правда и на социјалните мрежи граѓани постојано укажуваат на нешто што е спротивно од она што го тврдат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тој денеска ја презентираше програмата пред жителте во Општина Бутел.
Коалицијата предводена од Демократскиот сојуз очекува поддршка од граѓаните за програмата. Оттаму им порачаа на граѓаните дека ќе направат темелни измени во законодавството. Како приоритети во нивната програма се наведени промени кои како што велат ќе бидат корисни за граѓаните. 100 денари такса за остварување права пред судот, намалување казни за физички и правни лица за две третини и укинување на радиодифузна такса.
Доколку ја добијат довербата, најавуваат реформи во судскиот систем. Отворање на мали и средни претпријатија, изедначување на бизнис услугите како за странските така и за домашните компании, минимална плата 300 евра, пензија 200 евра, намалување на бројот на пратеници во Законодавниот дом, Македонија дел од Европската Унија и НАТО. Од Коалицијата за промени и правда велат дека во моментов како трета политичка сила се гаранција дека никогаш во Македонија ниту една партија нема да има апсолутна власт, власта ќе му припаѓа на народот.
Ана Јосифоска- Тодоровска
