Антикорупциска побара од ОЈО истрага против Спасовски и функционери од опозицијата
Антикорупциска побара обвинителството да отвори постапка против министерот за внатрешни работи по претставка за злоупотреба на службената должност поднесена од неговиот заменик. Прозваниот функционер тврди дека работи според законот, а комисијата е партиска инсталација. Претставка е поднесена и против СДСМ.

Антикорпциска комисија констатира: основани се преставките поднесени од МВР против министерот Спасовски за злоупотреба на службената должност и овластување, како и приговорот од Коалицијата „За подобра Македонија“ против СДСМ и коалициските партнери, градоначалникот на Куманово и Кумановското ЈКП за користење службени возила за партиски цели. Побара од Основното јавно обвинителство да преземе мерки и активности за испитување. За предметот оформен по преставката на заменик министерот Оливер Андонов, членот Фариел Алиу од комисијата посочи:
„Наводите укажуваат дека на денот и по денот на распишување на избори за пратеници, министерот за вантрешни работи, еднострано врши распоредување и унапредување на лица вработени во министерството“, вели Фарие Алиу- член на Државната комисија за спречување на корупција.
Реакција на министерот Спасовски. Тврди- сите распоредувања во МВР се направени согласно закон и се донесени пред денот на донесување на одлуката за распишување на предвремените парламентарните избори.
„Потпишување на овие акти со кои се обезбедува нормално тековно фукционирање на министерството не сум поврдил ниедна од насоките на Државната комисија за спречување на корупција содржани во двата дописа, бидејќи никаде не се забранува министерот да издава наредби за нормално функционирање на МВР“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
За основан, претседателот на комисијата Тантуровски го посочи и приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за користење службени возила и вработени од ЈКП Куманово за партиски цели.
„Користејки службени возлиа и вработени од ЈКП Куманово пренесуван е изборен и предизборен материјал на СДСМ и коалицијата, за што се доставени и фотокопии од фотографии, објава од текстови од медиуми и видеа на ЦД“, посочи Игор Тантуровски, претседател на ДКСК.
Антикорпциска комисија побара документацијата за произнесување да се достави до директорот на Јавното комунално Куманово и до градоначалникот, а ОЈО да постапи по основ наводите за прекршување на член од изборниот законик и да достави извештај.
Сузана Фиданска- Стоевска