Одложено судењето на Савески и Куновски од „Левица“
01.12.2016 16:38
Причина за одложувањето беше болест на еден од обвинетите.

Одложено судењето на членовите на „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети за учество во толпа, што ќе стори кривично дело за време на протестите, кога беше демолирана Народната канцеларија на преседателот.
Причина за одложувањето беше болест на еден од обвинетите. Следното рочиште е закажано на 18-ти јануари.
