Андонов: Спасовски спроведува партиска агенда

02.12.2016 15:50

Вели дека дел од прераспределените вработени во УБК немаат потребни кавалификации и безбедносни сертификати.

Министерот Спасовски со решенијата прераспределба драстично ја повреди законската регулатива и правните процедури и продолжи со спроведувањето на партиската агенда, изјави на прес- конференција дополнителниот заменик- министер Оливер Андонов. Вели дека дел од прераспределените вработени во УБК немаат потребни кавалификации и безбедносни сертификати.

Според Андонов, незаконското распоредување и унапредување работници е видливо и во ситуации во кои работници на Бирото за јавна безбедност се распоредени во Управата за безбедност и контраразузнавање, иако тие, како што рече, не ги поседуваат потребните квалификации и безбедносни сертификати предвидени со закон.

Иако Законот за Влада предвидува двоен потпис на министерот и дополнителниот заменик-министер за сите акти и документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања, наредбата, појасни, е потпишана еднострано само од Спасовски, вели Андонов.