Продолжува изборната кампања
Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Вода и во Центар, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Дебар, Стругаи во Охрид.

Безмалку пет дена остануваат од објавувањето на изборниот молк за предвремените собраниски избори закажани за 11-ти декември.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се во скопските општини Кисела Вода и Центар. СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ настапуваат во Дебар, Струга и во Охрид.
Носителите на кандидатските листи од 6-те изборни единици на Коалицијата за промени и правда ќе одржат прес-конференција во Општина Центар. Изјава за медиумите е предвидена и од носителот во единицата од коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Скопје.
Левица ќе има средба со граѓани во Прилеп, додека Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Куманово.
