Блискиот Исток и МАГРЕБ атрактивна извозна дестинација
Со популација од 400 милиони потрошувачи земјите од Блискиот Исток и МАГРЕБ се атрактивна извозна дестинација за македонските компании. Се бараат стандардизирани производи и услуги во услови на висока конкуренција од целиот свет. Засега најмногу извезува прехранбената индустрија, а големи можности имаат хемиската, фармацевтската, текстилната, машинската индустрија, ИТ индустријата и градежништвото.
Специфичен пазар со голем потенцијал кој може да биде искористен како алтернатива за зголемување на извозот на домашните компании. Со популација од 400 милиони потрошувачи земјите од Блискиот Исток и МАГРЕБ се атрактивна извозна дестинација. Се бараат стандардизирани производи и услуги во услови на висока конкуренција. Засега најмногу извезува прехранбената индустрија, а големи можности имаат хемиската, фармацевтската, текстилната, машинската индустрија, ИТ индустријата и градежништвото.
„Ако гледаме од страната на извозот претежно се извезува тутун и цигари, овошје, производи за исхрана од житарки и кондиторски производи, лекови, но и плоснати и валани производи од железо, мермер, травертин и други делови и апарати“, изјави Билјана Пеева- Ѓуриќ, директор во Стопанска комора на Македонија.
Извозот од година на година варира, дефицитот расте и лани експортот беше трипати помал од увозот. Засега најважни дестинации за нашите компани се: Ирак, Емиратите, Израел, Египет, Саудиска Арабија и Иран.
„Секаде претежно настапуваме сами бидејќи досега немало организиран пристап за настап на македонските компании. Во наредниот период, освен тој бизнис форум, планираме да пристапиме и кон организирано учество на саеми за прехранбената индустрија која навистина има голем потенцијал, меѓутоа и за другите индустрии за кои има потенцијал на овие пазари“, изјави Глигор Цветанов, претседател на Клубот за соработка со земјите на МАГРЕБ и Блискиот Исток.
Посебно внимание фирмите треба да посветат на правната рамка во овие земји, локалните обичаи, стандардите и традицијата, препорачува посебниот прирачник за олеснување на трговијата со компании од овие земји, што го изработи Стопанската комора на Македонија.
Свето Николовски
