Фонд за иновации: По 30 илјади евра за 4 иновативни компании
Со 120 илјади евра од Фондот за иновации 4 старт- ап компании ќе ги развиваат иновативните проекти. На повикот аплицирале 52 фирми. Остатокот од парите, 330 илјади ќе бидат префрлени во следниот повик.

Четири компании добија по 30 илјади евра, грант од Фондот за развој на иновативните решенија. Очекуваат наскоро да ги комерцијализираат иновациите, да станат профитабилни.
„Се работи за систем за креирање тродимензионални мапи со беспилотно летало, снимање со дрон“, изјави Душко Муратовски, добитник на грант.
„Да им понудиме на луѓето од трустичките места да може да понудат секундарни туристички услуги“, вели Михаил Стевчев, добитник на грант.
„Комплетна изработка на хардверска и софтверска подршка на универзален мерен уред кој ке ги реискористи постоечките броила во индустрија“, објасни Сашко Павлов, добитник на грант од Фондот за иновации.
„Со грантов очекуваме за една година да исфрлиме на пазарот производ“, посочува Филип Симјановски, добитник на грант.
Четирите иновативни проекти се избрани во конкуренција на 52 пристигнати. Остатокот од 450-те илјади евра со кои требаше да се финансираат 15 фирми, ќе бидат префрлени во Фондот за четвртиот повик
„Имаме доста млади луѓе кои работеле истражувања во рамки на Универзитетите со своите професори и ќе имаат можност да ги продадат на пазарот во наредните година, две“, вели Јасминка Поповска, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
Фондот апелира, сите што не добиле средства да ги внесат препораките на Комитетот за оценување и повторно да конкурираат.
Сузана Фиданска- Стоевска
