Пријавување данок за земјоделство
До 31-ви јануари 2017-та година земјоделците треба да поднесат барање за паушално оданочување доколку приходот не надминува 1,3 милиони денари. Парите од субвенциите не влегуваат во оваа сума.

Земјоделците кои годинава заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободни од плаќањето данок на доход.
За заработени повеќе од 21 илјада евра даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход. Доколку земјоделската дејност е дополнително занимање, исто така се плаќа 80 проценти помал данок.
Со паушалната наплата, според Управата за јавни приходи, на фармерите им се олеснува работата и не мора да водат деловни книги.
Основа за пресметување на данокот е разликата меѓу остварениот вкупен приход и признатите трошоци.
Субвенциите не се вклучени во пресметките.
Методија Трајков
