Ахмети: Гласот за ДУИ останува правилна одлука

06.12.2016 15:48

Во Сарај беа презентирани целите кои ги има Демократската унија за интеграција доколку победи на парламентарните избори закажани за 11-ти декември. Ахмети им порача на присутните дека гласот на граѓаните за ДУИ останува правилна одлука.

Демократската унија за интеграција одржа митинг во општина Сарај. Лидерот на ДУИ и носител на кандидатската листа во шестата изборна единица, Али Ахмети во обраќањето пред жителите рече дека најголем патриотизам е партијата да пронајде начин како да ги развие економијата, образованието и здравството, да има подобар живот од тој што го имаме денеска. Пред насобраните беа презентирани целите кои ги има Демократската унија за интеграција доколку победи на парламентарните избори закажани за 11-ти декември. Ахмети им порача на присутните дека гласот на граѓаните за ДУИ останува правилна одлука.

„Албанската кауза во земјата ја бранат мажи и жени, сите заедно се вклучени во нашата партија што има цел, не само да ги интегрира Албанците во Македонија во тие средни каде што живеат, туку да ги интегрираат сите Албанци, и во регионот, како во Косово, Албанија и во Македонија. Да живееме  слободно, без граници, еден со друг, затоа што сме браќа со еден јазик, браќа од крв и од исто потекло. Овој принцип колку  е патриотски, толку е и демократски, и исто толку е  и европски. Затоа никој нема право, да не спречува да мислиме за интеграцијата на Албанците. Целиот Балкан да се интегрира во Еропската Унија. Овие можности ги има креирано Демократската унија за интеграција со своите кадри, со претставници од сите општествени сфери.  Сарај го надмина бројот од 3.500 работници само во приватниот сектор, затоа јас многу отворено и со најголема решителност имам кажано дека  ќе ги поддржам со сите бенефиции кои што им припаѓаат,  за да ја  унапредат економијата на нашата земја, со што само вака можеме да го спречиме, тоа што нашите млади бараат перспектива во некои други земји во светот. Нашите млади имаа своја земја и тоа е Македонија“, рече Ахмети во Сарај.

Пред присутните говореа функционери на ДУИ, тие рекоа дека Демократската унија за интеграција е, како што беше речено, чувар на албанскиот народ и дека е дојдено време албанците во Македонија да се изборат за уште поголеми права. Од партијата го оценија како негативно тоа што албанскиот политички блок во земјава на овие избори е поделен на пет партии и коалиции, бидејќи според нив тоа ќе доведе до расцепкување на гласовите на етничките Албанци во Македонија. Од говорницата можеше да се слушне и дека единаесети декември е референдум за иднината. На единаесети декември треба да прогласиме победа против тие што шират, гнев, страв и манипулации. Единаесетти декември нека ги направи албанците решавачи, рекоа дел од говорниците.

Според нив, ДУИ ќе биде победник на изборите на 11-ти декември. Сите анкети што беа направени јасно покажаа дека ДУИ ќе биде апсолутен победник, тоа го покажаа и анкетите нарачани од опозицијата, а предизвик на изборниот штаб е да го помине резултатот од изборите 2014-та година, рекоа претставниците на ДУИ. Наредниот период до 11-ти декември, ние ќе ги посетиме секое село, секој град, ќе имаме средби со сите граѓани. Нашата порака е дека нема друга албанска политичка сила што може да ги води албанците освен ДУИ и лидерот Али Ахмети, рекоа пред присутните во Сарај.

„На Али Ахмети му припадна заедно со неговите соработници кои направија војна да напрват и измени на уставот на Македонија. Нему му припаѓа и заслугата за првиот Албански Универзитет кој е државен.  Но не застанавме тука,  тој направи и втор Унивезитет за вас, жителите на Сарај и на Чаир, но и за сите жители на Скопје. Заслугата која што ја доби од гласот што произлегуваше од длабочината на бунарот, го направи албанско Кичево, албанско Скопје, албанска Струга, знамето има службена употреба, претвори една цела армаија од 25.000 државни и јавни административци. Али Ахмети земјата  ја носи кон НАТО и ЕУ и за тоа заслугата ќе му припадне нему“, рече Артан Груби, носител на листата во ИЕ 1.

Едно од петте ветувања на ДУИ и истовремено еден од условите за формирање на идната влада е решавањето со консензус за економски прашања. Начинот како ние ќе го оствариме целосното почитување на војлата и интересите на албанците сега веќе не само политички, туку и економски, е преку наметнување на консензуланото донесување на буџетот, рекоа пред присутните. Додадоа, во идната влада ДУИ има одлучено да биде на чело на Комисијата за економски прашања, преку која ќе ги контролира на директен начин сите економски одлуки на владата.

Според нив, механизам на консензуално решавање ќе биде приоритет за постигнување на целосна фискална децентрализација. Ова е, рекоа говорниците, поради тоа што општините често знаат подобро од владата каде треба локално да се инвестира за доброто на граѓаните и за ова, треба да им се даде автономија. Интегративците најавија дека во идната влада ќе има консензуално решавање и за буџетот на Агенцијата за државни патишта, бидејќи, како што рекоа, инфраструктурата е елемент што влијае директно врз начинот на развој на албанските зони.

 

Наташа Јанчиќ