Груевски: 11-ти декември е историски референдум за Македонија

06.12.2016 15:50

Груевски најави отворање на 70.000 нови работни места, намалување на невработенста до 18 насто, како и зголемување на платите во јавниот сектор и пензии за 10,25 насто во наредниот четиригодишен мандат. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ 4, Никола Груевски на митингот во Кисела Вода, објави нова инвестиција која ќе отвори нови 200 работни места.

Одлуката на 11-ти декември е важна за сите вас и вашите семејства, тоа е одлука во каква држава сакате да живеете, дали сакате поделби во државата и дали сакате двојазичност. Јас знам и верувам дека мнозинството на граѓаните на Македонија ќе излезат и ќе гласаат за историски референдум и ќе го збришат Заев од политичката сцена, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во општина Центар. Груевски најави отворање на 70.000 нови работни места, намалување на невработенста до 18 насто, како и зголемување на платите во јавниот сектор и пензии за 10,25 насто во наредниот четиригодишен мандат. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ 4, Никола Груевски на митингот во Кисела Вода, објави нова инвестиција која ќе отвори нови 200 работни места.

Турска компанија ќе инвестира и ќе гради фабрика во Бунарџик. Се работи за компанија која произведува електроника за автобуси и земјоделска механизација, а во Скопје доаѓа како партнер и добавувач на белгиски Ван Хол. Со градба ќе почне во 2017 година,  инвестицијата ќе се протега и гради на површина од 20.000 квадратни метри. Планираат до крај на 2017 да почнат со работа прво со 100 вработувања и 3 милиони евра инвестиција, а потоа ќе се прошират и ќе инвестираат дополнителни 6 милиони евра и ќе вработат вкупно 200 лица, рече Груевски. Центар доби многу инвестиции кои им служат на луѓето кои живеат во Центар, но и на сите кои гравитираат тука. Се изградија катни гаражи, претходно Скопје беше претрупано со автомобили, сега полека културата се менува и луѓето се почесто ги користат катните гаражи, а цената е пристапна. Во соработка со Скопје се реконструираа булевари: Илинден, Теодосиј Гологанов, се инвестираа над 650 мил денари а се изгради кружен тек кај Католичка цркна, истакна пред граѓаните од општина Центар лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во Општина Центар се предвидува изградба на 3 нови подземни сообраќајници, инвестицијата е во вредност од 100 милиони евра, потоа ќе се изградат 245 километри мрежа за дистрибутивни цевки за гас само во Скопје, ќе се изградат нови градинки, ќе се инвестира во факултетите, ќе се изгради нов факултет, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски.

Ќе се возобнови старата учителска школа, предвидуваме градба на нов објект за Театар Комедија, ќе се реконструираат Албанскиот и Турскиот театар, ќе се отвори и новата Филхармониска сала. Ќе изградиме две нови спортски сали, ќе изградиме 9 тениски игралишта во Центар, како и фудбалски и кошаркарски игралишта. Се предвидува и нова сала за свечени моменти, ќе има и голема мултифункционална библиотека, вели Никола Поповски, носителот на листата во првата изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“. 

На митинзите во Кисела Вода и Центар беа претставени кандидатите за пратеници од овој регион, а на гласачите им се обратија и лидерите на политичките партии кои се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“.

 

Игор Панов