Коалицијата за промени и правда ја презентираше програмата во Куманово

06.12.2016 15:59

Со проектот „Декри“ најавија борба против криминалот и корупцијата, враќање на парите директно на граѓаните, а не во буџетот. Како приоритети во нивната програма се наведени промени кои, како што велат, ќе бидат корисни за граѓаните.

Целта на Коалицијата за промени и правда е да се формира владин кабинет составен од професионлни и искусни луѓе со морален кредибилитет, рече Павле Трајанов носител на листата во првата изборна единица. Централниот карван на Коалицијата за промени и правда ја презентираше програмата пред граѓаните во Куманово.

Со проектот „Декри“ најавија борба против криминалот и корупцијата, враќање на парите директно на граѓаните, а не во буџетот. Како приоритети во нивната програма се наведени промени кои, како што велат, ќе бидат корисни за граѓаните. Најавија 100 денари такса за остварување права пред судот, намалување на казните за физичките и правните лица за две третини и укинување на радиодифузната такса. Освен ова, коалицијата планира работното време на администрацијата да почнува од 7 часот.

Пратениците на коалицијата за промени и правда во идниот Законодавен дом и во идната извршна власт ќе посветат посебно внимание на Куманово, рече носителот на листа во втората изборна единица на Коалицијата за промени и правда. Според него, Куманово е еден од најголемите градови погоден од белата чума.

Се залагаме за стабилност на Република Македонија, за единство и за сплотеност на сите граѓани без разлика на партиската определеност, рекоа од Коалицијата за промени и правда. Ја побараа поддршката од граѓаните нагласувајќи дека се борат да освојат 20 пратеници за да можат да имаат влијание во носењето на клучните одлуки во Парламентот.

Ана Јосифоска- Тодоровска