МВР не пронашло ништо сомнително во автомобилот паркиран пред Американската амбасада
Возилото, како што велат од МВР, е земено на понатамошна проверка. Амбасадата на САД во Скопје денеска потврди дека вчера вечер имало возило паркирано на улицата пред Амбасадата што предизвикало загриженост, поради што побарале интервенција од МВР.

Возило паркирано пред влезот на Американската амбасада, поради сомнеж дека во него има експлозив, синоќа ја мобилизираше полицијата. Екипа на Министерството за внатрешни работи направила проверка, но, не било најдено ништо сомнително.
Амбасадата на САД денеска потврди дека побарале интервенција од МВР зашто возилото предизвикало загриженост.
Речиси истовремено, синоќа преку „Твитер“ ова дипломатско претставништво информираше дека се прекинати сите телефонски линии во објектот, но објаснуваат дека двата случаи не се порзани.
