Празнување на Свети Климент Охридски

08.12.2016 09:57

Свети Климент Охридски – Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј.

Свети Климент Охридски – Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња- црковно, просветно, книжевно, тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.

Се претпоставува дека Св. Климент е роден околу 830/840 година. Починал на 27 јули според стариот односно на 9 август според новиот календар во Охрид.