ОЈО: Дејствија само за претрес, не и за приведување
Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека синоќа во рамки на предистражна постапка што се води во ова обвинителство, извршен е претрес на дом на лицето С.В. во Куманово.
Наредбата за претрес на дом е издадена од страна на судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање, стои во соопштението на Јавното обвинителство. Од таму велат дека одземени биле предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – злосторничко здружување од чл.394 и злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност.
Јавното обивнителство посочува дека преземените дејствија согласно издадената судска наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето како што беше објавен во некои медиуми.
