Метео: За викендот сончево и студено, од понеделник дожд и снег

16.12.2016 13:57

Минималната температура ќе падне на -15, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево и студено време со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во недела ќе преовладува сончево време со умерена облачност.

Минималната температура ќе падне на -15, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Од понеделник се очекува зголемена облачност, а од вторник врнежи од дожд и од снег.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска