Претставени кумот и здравичарот за Бадник 2017
На 25-ти декември, на јужните падини на Водно ќе се берат традиционалните бадникови гранчиња. Таму се собираат сите поранешни кумови и здравичари како и целото друштво на скопските бадникари.

Традицијата продолжува. Скопките бадникари по 25-ти пат ја најавија бадникарската прослава. Годинава кум е бизнисменот Радко Манов, а здравичар фудбалерот Љубиша Николиќ.
На 25-ти декември, на јужните падини на Водно ќе се берат традиционалните бадникови гранчиња. Таму се собираат сите поранешни кумови и здравичари како и целото друштво на скопските бадникари. Од здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ информираат дека се подготвени и најавуваат интересна приредба и дружење.
Прославата завршува на Бадник, на шести јануари, пред Соборниот храм во Скопје со доделувањето на бадникарскиот ќуп и делењето на бадниковите гранчиња благословени од поглаварот на МПЦ.
Ана Јосифоска- Тодоровска
