СДСМ: Да не се подлегнува на провокациите
16.12.2016 15:07
Процесот на пребројување и прегласување е важен дел од едни демократски избори поради што, како што велат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да врши притисок врз ДИК...

Институциите на системот мора да се справат со говорот на омраза и со повиците за линч кон се што е демократско во Македонија- реакција на СДСМ по синоќешниот протест на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК.
Граѓаните на Македонија не се ничие топовско место и нема да подлегнат на провокациите, стои во дописот од опозициската партија. Процесот на пребројување и прегласување е важен дел од едни демократски избори поради што, како што велат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да врши притисок врз ДИК, а таа институција да остане доследна на законските процедури.
