ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните го бранат правото на глас

16.12.2016 15:09

Според партиското соопштение, СДСМ имаше можност да види како изгледа кога граѓаните демократски, на протест, го бранат правото на глас и одлучувањето за својата иднина.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека синоќешниот протест бил достоинствен и патриотски. Според партиското соопштение, СДСМ имаше можност да види како изгледа кога граѓаните демократски, на протест, го бранат правото на глас и одлучувањето за својата иднина.

454.519 гласови за ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека народот нема да им го дозволи ова на СДСМ и дека минатите и сите избори претходно биле кристално чисти и демократски, а СДСМ не ги признале.

Не сакале, стои во дописот, да се соочаат со поразот. Истото сакаат да го повторат и овој пат, нема да им помине, велат од ВМРО-ДПМНЕ.