Рочиште за случувањата пред Општина Центар, судот ги одби доказите на СЈО
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, опфатен во предметот на СЈО за случувањата пред Општина Центар, влезе во судницата на Кривичниот суд во Скопје. Судијката не дозволи во случајот да сведочи загрозен сведок, а материјалите од прислушуваните материјали нема да бидат земени предвид. Главната расправа е закажана при крајот на феврурари.

Судијката Татјана Михајлова го отфрли барањето на Специјалното обвинителство да сведочи загрозен сведок во судскиот случај против експремиерот Груевски и ексминистерот Јанакиески за насилството во Општина Центар. Таа не ги прифати како доказ и двете цд-ња и материјалите кои произлегуваат од незаконски прислушуваните комуникации.
Михајлова образложи- одлуката ја донела бидејќи доказите кои произлегуваат од незаконско прислушуваните комуникации биле незаконски обезбедени, а одлуката да не дозволи да сведочи загрозен сведок, поради тоа што за ова кривично дело не бил предвиден ваков сведок. Одбраната не е изненадена од одлуката на судијката.
Специјалната обвинителка, застапник на обвинителниот акт, Фатиме Фетаи, не даде изјава. Посочи дека сите дополнителни информации медиумите може да ги добијат од службата на СЈО.
Претходно во текот на подготвителното рочиште новинарите беа исклучени од судницата и немаа можност да ги слушнат снимените материјали, а обвинетите не дозволија да бидат фотографирани или снимани.
На почетокот на подготвителното рочиште судијката ја опомена обивнителката дека во судницата таа го води порцесот и нема да дозволи, како што рече, судењето да се претвори во циркуз. По завршувањето на рочиштето договорен беше датумот на главната расправа за 22 февруари 2017.
Во случајот за насилството во Општина Центар кој го отвори СЈО, опфатени се 14 лица- петмина за поттикнување насилство и деветмина како директни извршители. Во овој случај се обвините поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски, екс- министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и Даниела Рангелова, тогашен советник во општината.
Фиљана Кока
