САД праќаат тенкови во Холандија
19.12.2016 11:49
Некои медиуми го сметаат потегот за одговор кон наводно зголемената руска агресија во регионот. Но, воен претставник тврди дека се работи само за превентивна мерка.

САД доставуваат 1.600 тенкови во Холандија како дел од напорите за подобрување на европскиот одбранбен систем. Некои медиуми го сметаат потегот за одговор кон наводно зголемената руска агресија во регионот. Но, воен претставник тврди дека се работи само за превентивна мерка.
Американскиот конгрес усвои закон за одбрана со кој европските сили добија поддршка од 3,4 милијарди долари. Во план е и повторно отворање складишта за оружје во Холандија, Полска, Белгија и две локации во Германија.
